Проданоски: Прилеп е претворен во касапница, граѓаните се лечат во приватни клиники, а Филипче и Заев без срам доаѓаат тука

 

Денес во Прилеп без никаков срам, или не дај Боже, чувство за одговорност, Филипче и Заев, горди и полни со себе, дојдоја во македонскиот Бергамо кој изгуби 333 граѓани. Во градот во кој, пред само неколку месеци, при вториот ковид-бран, истиот тој министер, нѐ убедуваше дека сѐ е под контола и не сметаше дека се потребни порестриктивни мерки?! Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ова ли е вашата контрола? Вака ли се грижите за здравјето на граганите кои панично се плашат да дојдат во Болницата? А вие, без срам денеска ја пуштате Модуларната болница?!

Нели е срамно после цела една година да пуштате во употреба монтажна болница со 35 кревети? Доколку сакавте, по примерот на соседните земји, можевте да изградите нови објекти по сите стандарди и услови кои ќе беа функционални и во иднина. Но за жал, по се изгледа на некои побитни им се тендерите и провизиите?!

Дали, вие ќе дојдите да лечите во неа, затоа што нема персонал, а постоечкиот е недоволен и преморен! Прилеп е претворен во касапница! Секојдневно по неколкумина граѓани го губат животот, а вие наместо да се засрамите и да им се извините на прилепчани, повторно ги убедувате во вашите шарени лаги, кои наместо живот во градот носат смрт.

Постојано велите дека е се под контрола ама лажете, како што и лажете за бесплатното здравство! Ги терате граѓаните да се лекуваат по приватни болници каде им ја дерат кожата. Граѓаните плаќаат за здравство, а заради вашата негрижа се принудени да собираат доброволни прилози за да се лекуваат, додека вие се шетате со вашите мотори кои чинат цело богатство!

Вие сте најголемото зло што постои! Колку побрзо ќе заминете од власт толку подобро за граѓаните! ВМРО-ДПМНЕ знае и умее да се справува со кризи и тоа ќе го покажеме кога ќе дојдеме на власт!“, истакна Проданоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи