Уживајте во „Градот кој никогаш не спие“, „Големото јаболко“ – Њујорк

 

Њујорк (англиски: New York City) е најгусто населениот град во САД.

Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи.

Сместен на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетен, Квинс и Стејтн Ајленд.

Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет. Статуата на слободата поздравувала милиони имигранти кои пристигнувале кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Волстрит во подолен Менхетен, е доминантен финансиски центар од периодот на Втората светска војна, и денес е седиште на Њујоршката берза. Градот е дом на некои од највисоките згради во светот.

Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења, како што се Харлемската ренесанса во литературата и визуелната уметност, Апстрактниот експреонизам (исто познат како „Њујоршка школа“) во сликарството, хип-хопот, панкот, салсата, диското и Тин Пан Алеи во музиката, а претставува и дом на Бродвејскиот театар.

Њујорк е препознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители.

Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“,  Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи