Во тек е реализација на проектот „Програма за социјално домување на Ромите во Кичево“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Со моќна порака „Секој заслужува“, оваа година активно започнува да се реализира проектот „Програма за социјално домување на Ромите во Кичево“, со цел да се реши најголемиот проблем на ромската заедница преку изградба на нови живеалишта. Овој проект, не само што ќе го реши проблемот со домувањето туку ќе оствари нови прилики и можности за унапредување во рамките на образованието и ќе ја подобри како здравствената, така и економската состојба на семејствата кои живеат во длабока сиромаштија и несоодветни примарни услови, а истовремено  ќе им пружи и подобар пристап до социјалните услуги во заедницата.

Проектот е во согласност со Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2014-2020, која е насочена кон 5-те најважни сектори за ромската заедница и тоа: вработување, образование, домување, здравство и култура. Во рамките на проектот се предвидува згрижување на 30 ранливи семејства од ромската заедница, со тоа што ќе имаат можност да се вклучат во програмата и на секаков начин да го подобрат своето живеење.

Проектот е разделен на неколку фази, најпрво е предвидено да се изврши проценка на потребите на Ромите од Кичево кои живеат во населбата Прилепска, потоа преку развој на Пилот Програма за социјално домување и преку искуства од Виена, Австрија ќе вклучиме неколку иновативни елементи кои можат да одговорат на делот на недостаток на средства, а тоа е соработката со бизнис секторот што може да обезбеди средства, а општините и Владата ќе можат да обезбедат услови за градба. Делот со изградбата на социјалните станови опфаќа три сегменти и тоа: подготовка на документација, изградба на становите  и поддршка за вселување на семејствата во истите.

Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, оваа година започна со имплементација на проектот „Програма за социјални станови за Роми во Кичево“ во соработка со Општина Кичево со времетраење од три години. Проектот е дел од ИПА II програмата, финансиран од Европската Унија.

 

Автор: Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи