Кузманоски: Дали Јованоски ќе ја изгради градинката или ќе ги остави долговите на следната власт?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На крајот од мандатот Градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ се сетија дека имаат ветено изградба на детска градинка. На градоначалникот во заминување му беа потребни три и пол години за да почне да го реализира ветениот проект. Истакна на денешната прес конференција Влатко Кузманоски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Вчера се случи невиден циркус на кој без срам присуствуваа владините претставници, на чело со Премиерот кој се прошета со владиниот хеликоптер. А каде се денес? Јованоски сметате ли дека ќе ја изградите градинката? Или ќе оставите долгови на следната власт?

Наредните денови јавноста подетално ќе ја запознаеме со постапката за изградбата на овој објект. Оваа локална власт одамна го изгуби легитимитетот пред граѓаните.

Јованоски пред четири години ветуваше се и сешто и ако го читаме списокот на лажни ветувања ќе ни требаат не една туку многу прес конференции.

Илија Јованоски ги прави последните активности како градоначалник на Прилеп. Остануваат уште неколку месеци до локалните избори кога конечно оваа власт, која се покажа дека е се освен народна, ќе си замине. Со доаѓањето на новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го вратиме сјајот на Прилеп. Ве уверуваме дека детално ќе се испита каде завршил секој денар од џебот на граѓаните . Одговорност мора да има и ќе има! Бидете убедени во тоа“, рече Кузманоски.

 

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи