Филипче: Има пациенти со страшни манифестации какви што не сме виделе досега

 

По вчерашниот највисок број (50) починати во 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати. Во однос на смртните случаи на млади луѓе, министерот одговори дека и во регионот често има влошување на здравствената состојба кај младите во рок од само неколку часа.

„Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, но дури и сега имало слободни кревети и ниеден пациент немало да остане без соодветна лекарска нега.

„Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети, дури и сега, изјави Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски” каде што задутре ќе почне масовна имунизација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи