Масовното вакцинирање започнува утре, закажани 3000 термини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во Mакедонија официјално ќе започне утре, понеделник, 5ти април, со вакцината „Спутник В“. Вакцинирањето ќе се одвива на пунктови во А1 Арената сала „Борис Трајковски“, а закажани се термини за 3000 граѓани.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани  граѓани од критична инфраструктура, односно луѓе што работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините…  Според планот, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата вчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините. Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и 5доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.

Министерот Венко Филипче при посетата на А1 Арената изјави дека верува дека системот добро ќе функционира и дека е задоволен од досегашниот тек на процесот на вакцинација.

„Верувам дека системот добро ќе фунциноира. Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во Модуларната болница каде се вакцинираа здравствените работници. Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат.. Со доаѓањето нови и поголеми количини вакцини овој месец, ќе се намалува се повеќе старосна граница“ – рече Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи