Очите на природата – чистата и здрава природа е сечија одговорност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Од Земјата земаме енергија, живееме во нејзините прегратки и од неа ја црпиме секојдневната сила. Ако сме одговорни, ќе ја сакаме и ќе ја чуваме, со внимание ќе одговориме на подароците што таа безусловно „ги истурила“ пред нас. Не вреди да се бараaт материјалните богатства во животот, додека не се откријат оние на природата!

Ние луѓето понекогаш забораваме дека живееме во живописна оаза сместена во овој сончев систем како пустина. Човекот веќе не се чувствува како да е дел од природата, а таа од време на време ни „удира шлаканици“ за да се освестиме, или така барем велат кога ќе се случи некоја природна катастрофа. Природата не е маче за да изгребе веднаш, но таа гледа, и го возвраќа ударот.

Дали сме свесни дека со систематското уништување на природата и претераното искористување на природните ресурси го загрозуваме опстанокот на човечкиот род?! А и не треба да се заборави дека секое уништување на природата е удар кон самите себе.

Чистата и здрава природа е сечија одговорност. Време е за повторно поврзување со природата. Запомнете, природата гледа.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи