Папата Франциск со Велигденска порака: Секогаш има нов живот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

За време на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциск им порача на верниците дека секогаш е можно да се започне од почеток, затоа што секогаш има нов живот. Неговите зборови беа цитирани од медиумите кои го следеа неговото обраќање.

Медиумите анализираат дека неговите зборови се упатени не само кон верниците туку и кон сите луѓе кои поминуваат низ тешките денови во борбата против пандемијата од ковид-19.

„Во овие мрачни месеци на пандемијата, се чувствуваме блиски со Господ, кој воскресна, и кој не повикува да не губиме надеж“, рече папата Франциск.

Тој повика и посочи не само на нов почеток, туку и на отворање нови патишта каде што се чини дека ги нема и да се оди, доколку е потребно, против плимата и веќе виденото.

Велигденското бдение се одвиваше строго во согласност со анти-ковид мерките и започна, поради полициски час, порано од вообичаеното а на истото присуствуваа многу мал број верници, кои ги поминаа сите контролни мерки пред службата.

Велигденскиот циклус на прослави, предводен од папата Франциск, завршува денес со миса во базиликата Свети Петар во Рим, благослов и конечно вековна традиција на објавување на пораката на папата „Урби ет Орби“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи