Ски-сезона на Попова Шапка до средина на април благодарение на новиот снег

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Новите врнежи од снег овие два дена на Попова Шапка ќе овозможат ски-сезоната да биде продолжена барем уште една недела. Од ски-центарот соопштија дека љубители на скијањето поради новите снежни врнежи ќе може да скијаат до 11 април.

Во текот на работните денови ќе бидат ставени во функција ски-лифтовите „Поток”, „Аеродром” „Г”, додека за викенд (петок, сабота и недела) ќе оперира со полн капацитет, вклучително и шестоседната жичница, информираат од ски-центарот.

Попова Шапка благодарејќи на поволните временски услови и честите врнежи од снег оваа сезона бележи над 100 дена или една третина од годината можност за одвивање на скијачката сезона и функционирање на ски-лифтовите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи