ВИДЕО – Фашистичкиот масакар во Ваташа не смее никогаш да се заборави, за никогаш да не се повтори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 16-ти јуни, годинава, се навршуваат 78 години од ѕверското убисто на на 12-те ваташки скоевци, кои во виорот на НОВ биле жртви на бугарскиот злосторнички фашизам. Сеќавањата и болката за овој невиден масакр, во Тиквешијата се се уште свежи, исто како да се случил вчера. Тие се уште крварат и будат гнев, особено сега, кога ете, некој, со чудно поимање на политиката, бессрамно се обидува да фрли црно петно врз саможртвата на овие млади одважници кои себе си се вградија во слободата на оваа земја и кои, иако и гледале на смртта в очи, сепак имале храброст да ја испратат и последната порака во нивниот живот: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре“.

 

 

„Мојот чичко Ристо Ѓондев имал 17 години кога е стрелан и тоа предизвикува гнев кај нас, како фамилија. Она што ни пречи е негирањето на злосторството од бугарскиот окупатор и искривувањето на историјата, пред се…Тоа никогаш не можеме да го заборавиме ние, затоа што тоа биле младинци, исто така ние како фамилија имаме и тетка Марија – Маца Овчарова, која била жива закопана, така што злоделата на бугарскиот окупатор многу добро ги знаеме“,- ни рече Анѓел Ѓорѓиев, внук на стрелан младинец.

„Секој пат, тие едни измешани чувства на тага, на бес, на меоќ, се се поголеми и поголеми…Нека дојдат тие што сакаат да ги прикажат бугарските фашисти како администратори, дека дошле тука да ни бидат браќа, нека дојдат тука, нека ни го кажат тоа во Ваташа, нека му го кажат тоа на роднините на децата..па и ние ваташани да им кажеме како се чувствуваме, како сме ги чувствувале бугарските фашисти, дали како фашист кои што направиле толку многу зла…“ – вознемирено ни раскажа Диме Коцевски.

Под мотото – „Да не се заборави, за да не се повтори“, од Патриотскиот институт „Гоце Делчев“, поклонувајќи се пред паметникот на овие млади родољуби, од кои, во моментот на стрелањето, најстариот имал само 27 години, а најмладиот само 15, побараа извинување од извршителите на овој фашистички злостор.

„Ние како христијани простуваме, меѓутоа не само што не забораваме, туку и ги покануваме, нашите, во наводноици „браќа“ како што ни се претставуваат и добри соседи, во тој европски дух со кој што им е полна устата…да дојдат заедно со нивната министерка за надворешни работи, во тој европски и добрососедски дух, да се поколонат и да се извинатна семејствата на убиените деца, на македонскиот народ, на македонската држава, така ние ќе почнеме да веруваме дека тие имаат некакви добри намери кон Македонија“, – рече Александар Пандов од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, овој Споменик е подигнат уште во далечната 1961 година. Ограден е со 12 јавори како симболи за стреланите младинци, чиј живот, маченички бил прекинат во цутот на нивната младост. Во центарот на Ваташа пак, се уште како нем споменик, со спомен-плоча на која јасно е напишано кој и кога го извршил овој масакар во Ваташа,  стои и Мената „12 другари“ од каде, ваташките скоевци, под изговор дека ќе ги носат на фотографирање, биле испратени директно во смрт, на „Чаирот“ во Месноста „Моклиште“, на само неколку стотици метри од нивните домови во Ваташа. На Споменикот во „Моклиште“, освен датумот на стрелањето,16 јуни 1943 година и имињата на стреланите, стои запишана и следната максима: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. Но, нема никаков друг податок за тоа кои биле извршителите. Во овие шест децении откако е изграден споменикот, тој на неколку наврати бил сквернавен, така што и денес на местото каде што првично имало рељеф, сега има само метални чингели.

Автор: Каролина Дурлo

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи