Пендаровски: Армијата не била известена за случајот во кратовско – уште една поразителна и трагична приказна за државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата.

„Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски.

Да дошло такво барање, потенцира претседателот, јас ве уверувам дека тоа во сред ноќ ќе било одобрено.

Вчера во јавноста излезе информација за лекар од Кратово кој интервенирал да спаси овчар од планински предел во Кратово, а за оваа акција не добил никаква помош од надлежните кои си ја префрлале одговорноста едни на други.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи