Промоција на поштенска марка посветена на 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД Пошта денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.

На промоцијата, која ќе се одржи во дирекцијата на АД Пошта – шалтер сала, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД Пошта Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Настанот, како што информираат организаторите, е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески” која се одвива под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи