Хеликоптер на НАСА се подготвува за првиот лет на Марс

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Минихеликоптерот Инџенуити на НАСА е спуштен на површината на Марс како подготовка за неговиот прв лет, соопшти американската вселенска агенција.

„Потврдено приземјувањето на хеликоптерот на Марс!“, објави на Твитер во саботата Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

Ултралесното летало беше фиксирано на роверот Персевиренс, кој слета на црвената планета на 18 февруари.

„Неговото патување на 293 милиони милји (471 милион километри) на @NASAPersevere заврши денес со последното спуштање од 10 сантиметри од роверот до површината на Марс. Следниот подвиг? Да ја преживее ноќта“, велат од НАСА.

Инџенуити се очекува да го направи својот прв обид за лет не порано од 11 април, објави на Твитер лабораторијата за млазен погон.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи