Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Никон

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 март. Денеска е Преподобен маченик Никон и 199-те ученици.

Свети Никон беше родум од Неапол. Татко му беше незнабожец, а мајка му христијанка. Таа и го воспита во Христовиот дух. Како помлад тој беше офицер во римската војска, а подоцна ја напушти војската и се повлече во еден манастир при кизичкиот епископ Теодосиј, во Азија. После смртта на Теодосиј, неговата катедра ја наследи Никон. Подоцна Никон се пресели на Сицилија заедно со девет свои другари уште од војската и таму многумина привлече кон Христа. Беше погубен, заедно со своите 199 ученици, во времето на прогоните на императорот Декиј. Единствената вина на овој славен и беспрекорен маж беше неговата силна и цврста вера во Христа.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи