Сите нови рестриктивни мерки на Владата кои ќе важат до 20 април

 

После седницата на Владата, се обрати премиерот Зоран Заев кој ги кажа новите мерки кои беа донесени од страна на властите, после големите бројки на коронавирусот.

„На денешната седница донесовме одлука на дополнителни мерки со цел заштита на јавното здравје и заштита на граѓаните. Новите тенденции јасно кажуваат дека британскиот сој зема голем замав. Со овој проблем се соочуваат и голем број на земјите. Со овој сој полесно се заразуват лицата, и најчесто се манифестира со тешки последици.

Во пресрет на затоплувањето, а во пресрет на празниците, а со цел потреба да ги одмориме здравствените работници, сметаме дека се неопходни нови мерки. Мораме сите заедно да влеземе во текот што ја завзема пандемијата, бидејќи само заедно можеме да се справиме со последиците. Бројот на новозаразени расте. Бројот на починати од коронавирус расте. Досега здравствените работници се справуваа со сите предизвици, но сега веќе постои сериозно оптоварување на работниците кои деноноќно и со сите сили се во битката на спасување. Ова е најголемото оптварување на здравствениот систем. Многу системи се соочија со ваков проблем и порано од нас. Во овие мигови не смееме да дозволиме нови влошувања. Од овие причини владата донесе нови мерки“, изјави Заев. 

Мерките кои се со важност до 20 април се следните:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните во временски период од 20 до 05 часот следниот ден, почнувајќи од 6 април до 20 април 2021 година.

На граѓаните кои извршиле имунизација во центарите на вакцина, за временскиот период непосредно пред почетокот на забраната, им се дозволува враќање во своите живеалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.

Забрана за посета на гости во сите угостителски објескти, и други објекти кои даваат угостителски услуги. Угостителските објекти може да работат на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки, и да вршат нарачки самосотојно, или надвор од угостителскиот објект на пункт – штанд, почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителките објекти на меѓународните аеродроми.

Целосна забрана за посетители и гости во обложувалниците, односно работата да биде организирана на шалтер, штанд, пункт, односно да не работи угостителскиот објект, почнувајќи од среда 7 април, до 20 април.

Целосна забрана на сите посетители и гости во сите вежбални, сали за вежбање и фитнес центри.

Се забранува организирање на секаков вид семинари, работилници, курсеви почнувајќи од 6. април до 20 април.

За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти, кои имаат домашни миленици, може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот.

Останува на сила строгата забрана за групирање.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи