Европска медицинска агенција: Постои јасна врска меѓу „АстраЗенека“ и редок тип на тромбоза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Висок претставник на Европската медиицнска агенција (ЕМА) изјави дека постои јасна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и редок тип на тромбоза, но причината за тоа засега не е позната.

„Според мое мислење, сега можеме да кажеме дека е јасно дека постои врска со вакцината. Но, засега не знаеме што ја предизвикува таа реакција“, изјави Марко Кавалери, шефот за вакцини во ЕМА, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Кавалери исто така извести дека Агенцијата наскоро ќе излезе со официјално соопштение.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утрово е разговарано со српското Министерство за здравство за список на македонски граѓани кои се вакцинирале со „Астра Зенека” во Србија, а откако ќе биде познат ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дали таа ќе продолжи да им се дава на помлади лица, тие наши граѓани во земјава ќе ја добијат втората доза од оваа вакцина.

Доколку по препорака на ЕМА нема да продолжи вакцинирањето кај помлади од 60 години со „Астра Зенека“, овие луѓе ќе бидат ревакцинирани со вакцина од друг производител.

„Ние ќе се водиме според препораките на Европската медицинска агенција. Бордот на ЕМА меѓу 6 и 9 април ќе има состанок и ќе се чека нивниот став во однос на аплицирање „Астра Зенека” кај помлади – доколку ставот е да се продолжи и нема никаков проблем – сите тие ќе може да бидат и ревакцинирани“, изјави Филипче.

Додаде дека вакцинирањето со „Астра Зенека” кај граѓани над 77 години на пунктовите низ државата се одвива добро и без контраиндикации, има списоци и за помлади од таа возраст, а треба да стигнат и дополнителни колични од оваа вакцина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи