Почина овчарот кој беше извлекуван на раце низ планина откако институциите не покажаа грижа за негово спасување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Почина 63 годишниот овчар, кој беше една седмица во кома по претрпен мозочен удар, за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за Итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Пациентот починал утринава во штипската болница, потврдиле за Телма од болницата.

Откако лекарот ги објави информацијата и фотографиите од спасувањето на Фејсбук, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ за овој настан со реакција во која посочуваат за лошата организираност и неспособноста на Владата.

„За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не! Тоа е животот во Македонија! По една седмица во кома, денеска почина 63-годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, тој бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе.

Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта. И овој како илјадници животи кои се загубија во оваа пандемија,  е загубен пред се заради лошата организираност на власта и нивната неспособност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи