РЕАКЦИЈА: Уставниот суд да овозможи правда за депонентите на Еуростандард банка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Почитувани, подносителите на оваа реакција како здруженија кои се или соработуваат со правни лица оштетени од одземањето на дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје од страна на Народната банка на РСМ, на ден 12.08.2020, се само дел од бројните граѓани и фирми чии средства останаа заглавени во, сега веќе, стечајната маса на оваа Банка. Ние како здруженија на граѓани кои работиме во насока на помош на граѓаните од маргинализираните заедници, останавме без своите  финансиски средства за кои имаме потпишано договорни обврски со донатори, без средствата за тековен промет, без обештетување, во екот на здравствена и економска криза да се снаоѓаме самите како знаеме и умееме. Оваа состојба дополнително не ограничи во реализирањето на активностите за помош на граѓаните и тоа во период кога граѓаните имаа најголема потреба од нашата помош.

Во Република Северна Македонија правните лица не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.  Со отворањето на стечајната постапка над Еуростандарад банка, правните лица останаа заглавени, дискриминирани и оставени без законска заштита. Дополнително согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банката во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени. Со оваа одредба Фондот за осигурување на депозити прв ќе си ги наплати побарувањата од стечајната маса. Останатите доверители, ќе мора да се надеваат на остатоците.

Дополнително загрижува и фактот за криминалните активности на банката кои се случувале со години, а сето тоа на грбот на граѓаните. Следејќи ги натамошните случувања и информации кои се објавуваат во јавноста за големата кредитна задолженост на банката, од која најголем дел се ненаплатливи кредити, како и според извештајот на стечајниот управник, станува јасно дека од износот на стечајната маса ќе може да се подмири долгот само на приоритетниот доверител, во случајов Фондот за осигурување на депозити. Останатите правни лица нема да бидат во можност да си ги наплатат побарувањата а со тоа државата буквални ги оштетува овие правни лица со закон.

Од оваа причина давааме целосна поддршка на Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ и нивната  иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со која  се  бара укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на Уставот на РСМ.

Бараме од  Уставниот Суд да го укине спорниот член од Законот за банки и со тоа да ја исправи неправдата која им беше нанесена на депонентите вклучувајќи ги и здруженијата на граѓани, а со тоа да им даде надеж на сите сегашни и идни оштетени депоненти од ваквиот криминал, дека правдата мора да биде достижна за сите.

 

Реакцијата ја поднесуваат:

 

Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Дијалог  –  Центар за делиберативна демократија – Прилеп

АГТИС – Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка – Прилеп

Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе – Скопје

НВО КХАМ – Делчево

Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата “ЛИЛ” – Скопје

Иницијатива за развој и инклузија на зедниците – ИРИЗ, Скопје

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Скопје

Иницијатива на жени од Шуто Оризари

Асоцијацијата за демокрaтски развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово

Национален Ромски Центар – Куманово

 

Автор : Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи