Уапсени десетина полицајци фалсификатори на патни исправи и лични документи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија за МИА од МВР и најавија детали по нејзиното завршување.

По повеќе од  година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група,  посочуваат извори од МВР, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Според истите извори вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи.

Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи