Филипче: Мерките никогаш не биле политички, секогаш сме се воделе од заштита на здравјето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму сега се носат мерките, односно се зголемува полицискиот час и се затвораат рестораните, и дали одлуките се политички, министерот за здравство Венко Филипче рече дека мерките никогаш не биле политички мотивирани.

„Прво да кажам дека никогаш до сега, од лани кога почнавме со кризата, никогаш мерките не биле политички, секогаш сме поаѓале од заштита на здравјето на граѓаните. Многу фактори влијаат на носењето на мерките, а сметавме дека сега околу празниците е потребна таква мерка“, изјави Филипче.

Исто така, тој додава дека и досегашните мерки кои се носеле биле ефективни.

„Точно е дека вирусот е широко распространет, а дека мерките кои важеа досега се ефективни“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи