Живеат од просење, јадат тогаш кога некој ќе им даде, хигиена одржуваат само со вода и тоа ладна

 

Живеат од питање, јадат тогаш кога некој ќе им даде, хигиена одржуваат само со вода, често пати таа е ладна бидејќи нема каде да ја стоплат. Ваква е животната судбина на Цене Маџуни од Прилеп и нејзиниот 11 годишен син, за кој таа вели дека боледува од некоја срцева болест. Со нив во еднособниот стан живее и нејзината мајка.

 

 

„Немам како да го прехранам детето, а се знае колку може човек да земе од питање, 400 денари и тие што ќе ги извадиш купи ден помини“

 Каде питате?

 „Во Грчка црква. Таму питам, благодарна сум и на луѓето кои ме оставаат и коии помагаат и мии даваат пари,“

 Секој ден одите таму?

 „Во сабота и недела и за празници“

А другите денови како преживувате?

„Никако“, вели Маџуни.

Маџуни не работи ништо бидејќи вели мора да се грижи за синот, а социјална помош не добива бидејќи и по 11 години разделен живот таа не е официјално разведена од сопругот, кој не и дава развод, а кој пак има одредени примања, со што неа законски ништо не и следува. Интернетот дома им го плаќа и таблетот им го дал поранешниот учител на нејзиниот син, за да може да учи онлајн. Сега најмногу се плашат за детето.

„Колку толку некоја помош нека ни помогнат, алишта, храна, некој динар, незнам. Вработување не сум барала но не можам поради детето, нон стоп има проблеми со срцето, мора да му давам лекови, да бидам покрај него, мајка ми не може“, вели Маџуни.

„Треба да го правиме операција во Скопје, ние немаме пари да го правиме операција и не ни се дава, ни е страв да не се случи нешто“, кажа Драгица Чортаноска, мајка на Цене Маџуни.

Живеат само со 9.000 денари пензија на нејзината мајка бидејќи дел им земаат извршители за неплатени сметки за струја и кирија за станот кој се уште се води како државен. Покуќнината ја зеле во станот од контејнер од некои луѓе што ја исфрлиле таму.

„Кревети немавме за лежење, комшиите ги фрлија во контејнер, па ги зедовме ние од таму, инаку пред тоа јас лежев на земја“, додава Чортаноска.

 „Немам ниту со што да е измијам, вода со шишиња полнам па така и дете да измијам и јас и мајка ми, па фала му на Господ не чувал досега. Перам со ладна вода, прашак немам, ако купам сапун, па да исперам така, колку толкку да се одржува хигиената“, вели Маџуни.

Од Центарот за социјални работи велат дека без официјален развод Маџуни не може да добива помош, а врз тоа исто влијаело и заедничкото живеење со нејзината мајка која зема пензија. Маџуни пак очајно моли за помош.

Телефонскиот број на Цене Маџуни е : 077-963-686.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи