Филипче: Нема да издржиме ако се опуштиме пред верските празници

 

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека се надева дека дополнителните рестрикции ќе дадат резултат, во пресрет на верските празници Рамазан Бајрам и Велигден.

Новите рестриктивни мерки против ширењето на ковид-19 почнуваат од денеска со полициски час кој ќе трае од 20 до 5 часот наутро, се затвораат угостителски објекти, освен за подготовка на храна која може лично да се подигне или да биде доставена, потоа теретани, вежбалници, спортски центри, сали наменети за вежбање, се забрануваат семинари, обуки, работилници и нема групирање на повеќе од 4 лица.

„Мерките дадоа ефект во многу градови. Нема да издржиме ако се опуштиме пред верските празници, како што беше случај лани. Сметаме дека треба таква рестрикција, со цел за да се намали притисок врз болниците. Мораме да го олабавиме притисокот врз болничките установи“, порача Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи