ВИДЕО – Крајно време е Македонија да воспостави систем на спасителни служби

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Случајот со починатиот овчар Златко Божиновски кој предолго чекаше да му се даде соодветна медицинска помош и кој цели 5 часа беше симнувам од планина само уште еднаш ја потврдува потребата од формирање на систем на спасителни служби кои би функционирале на територијата на целата држава. Оваа идеја спасителната служба „Златоврв“ од Прилеп ја презентира скоро 2 години, но државата е глува за тоа. Фукнционираат волонтерски и спасуваат граѓани на свој трошок. Само 2 дена пред да се слулчии настанот со овчарот Божиновски тие спасија повреден млад човек од планината Козјак кај Прилеп и го симнуваа скоро до 3 часа до селото Плетвар каде го предадоа на итната помош.

 

 

Крајно време е да се реши овој проблем во нашата држава да се воспостави систем на спасителна служба која што ќе функционира 24 часа, кој што ќе бидие нон стоп во функција на нашите граѓани, но ии на туристите кои доаѓаат. Сите наши акции, обуки, вежби кои ги правиме се на наш личен трошок, на терен излегуваме со сопствени возила, на терен излегуваме со сопствена опрема, приватна опрема и навистина е крајно време да се воспостави еден ваков систем на спасување кај нас“, истакна Дарко Неданоски, раководител на спасителна служба „Златоврв“.

Искуството зборува дека ваквите служби во сите држави се под капата и се финансираат од државата. Но, тоа го нема кај нас. Од Хрватската горска спасителна служба, која е најорганизирана на Балакнот велат дека тие се еден од трите основни столба на систем на цивилна заштита на државата покрај пожарникарите и Црвениот крст. Од таму велат дека секоја држава е должна да ја гарантира сиигурноста на своите грашани на секоја педа од нејзината територија, но и на гостите.

Работиме на целата територија на Хрватска по пат на 25 наши станици. Секоја од тие 25 служби е иинтегрален дел од Хрватската горска служба за спасување. Од Дубровник, па по целата територија на Хрватска, до Винковец и Вуковар. Сите тие 25 служби се членки на ХГСС, сите поминуваат иста обука, сите се еднакво облечени. Сите имаат исти униформи, исти или слични возила. А сето тоа го финансираме од државниот буџет или од буџетот на локалните  самоуправи. Значи градовите, општините и жупаниите ги покриваат трошоците за спасување на својата територија. А кога се работи за некоја поголема несреќа или кога повеќе станици треба да работат во исто време, тогаш тоа го финансира Хрватска од државниот буџет“, истакна Јосип Граниќ, претседател на Хрватска горска спасителна служба.

Човечкиот живот нема цена! Дали и Македонија ќе се приклучи кон остатокот на светот и волонтерите и хероите како што се спасителната служба „Златоврв“ конечно ги стави под своја капа и ќе ги финансира спасувачките акции ќе покаже времето.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи