Д-р Чепреганов: Во трета светска војна сме – нема друг лек и бенефит против оваа чума освен вакцинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Вакцинацијата во Македонија против корона вирусот започна пред неколку дена, а според невропсихијатарот Методи Чепреганов, единствен лек за да се победи пандемијата е само вакцинацијата.

„Во трета светска биолошка војна сме. Пандемијата е стресна состојба во три смисли – животозагрозени сме, има промени кои настапуваат на психички план и појавата на психосоматски болести. Во мојата 64-годишна пракса не сум сретнал лек кој нема секундарни појави. Секој лек мора да има сајд ефект, но тоа се многу мали работи во однос на вакцинацијата. Луѓето се плашат затоа што бизнис-политиката владее“, вели Чепреганов.

Докторот кажа дека пред 9 дена се вакцинирал со „АстраЗенека“ и дека нема никакви симптоми.

„Нема друг лек и бенефит против оваа чума освен вакцинација“, порачува Чепреганов.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи