Секој трет излечен од коронавирусот има невролошки или психијатриски проблем

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кај секој трет преживеан пациент од коронавирус, шест месеци по лечењето, му е дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување, покажала студијата во која учествувале повеќе од 230.000 испитаници, претежно од Америка.

Студијата, која е најголема од овој вид, користела електронски здравствени податоци на преку 236 илјади пациенти, открива дека 34% од лицата дожувувале некакво влошување на менталното здравје, како анциозност и депресија. Најчестата дијагноза била вознемиреност, која била дијагностицирана кај 17% од пациентите, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.

„Ова се податоци од голем број пациенти од реалноста. Тие потврдуваат високо ниво на психијатриски дијагнози по Ковид-19 и покажуваат дека сериозни нарушувања влијаат на нервниот систем. Иако индивидуалниот ризик за најголемиот дел од овие нарушувања е мал, низ целата популација нивното влијание е значајно за здравствениот систем и системот за социјална заштита поради обемот на пандемијата и фактот дека голем број од овие состојби се хронични. Како резултат, здравствените системи мора да имаат доволно ресурси за да се справат со очелуваната потреба, како на примарно, така и на секундарно ниво“, вели професорот Пол Харисон од Универзитетот во Оксфорт, кој е водечкиот автор на студијата.

Иако невролошките дијагнози како мозочни удари и деменција биле ретки, сепак не биле невообичаени кај оние кои биле критично болни за време на инфекцијата. Од оние кои биле примени на интензивна нега дури 7% имале мозочен удар, а скоро 2% добиле дијагноза на деменција.

Во новото истражување, научниците ќе го бараат одговорот зошто се појавуваат вакви нарушувања.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи