Филипче: Државата не може да ги намали цените во приватните клиники

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, со директорите на три клиники веќе е разговарано, но само од една добил одговор дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за одреден процент.

„Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика“, изјави Филипче.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи