Хоџа: Владата не се откажува од итниот хеликоптерски тим за пребарување и спасување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По завршување на пандемијата со ковид-19 Владата повторно ќе распише јавен оглас за воспоставување на хеликоптерски итен медицински систем, зашто првичниот договор поради долгото траење на пандемијата не беше возможно да се спроведува и беше раскинат, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

„Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организациска платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување е раскинат со одлука на 26-та седница на Владата. Спроведувањето на договорот, којшто налагаше обврски од двете страни – државата и операторот, не беше возможно поради долгото траење на пандемијата и затоа е раскинат“, рече Хоџа.

Владата, како што рече, нема да се откаже од проектот и по завршување на кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19 ќе биде распишан нов оглас, а јавноста ќе биде информирана штом ќе биде донесена одлука за распишување на повикот.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи