Извршителите исцицале околу 25 милиони евра од граѓаните во 2020 година

 

За цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси иста на таа од 2019 година, кога немаше прекинување на извршувањето, бидејќи во 2020 наплатата беше запрена, но се чини, дека не беше запрена, туку само пролонгирана, а за одложените рати, граѓаните плаќаат и камата.

Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите – над 89 милиони евра, од државата – безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се наплатени од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници.

Во 2020 година во Македонија работеле 99 извршители. Сите примиле 100.760 барања за извршување, додека завршени се 44.889 предмети или само 44 отсто.

Ако се анализира по години, сумата од нешто над 123 милиони евра што ја наплатиле од граѓаните и од фирмите лани е иста како во 2019 година, а помала од некои претходни години.

Најголем процент на реализирани извршни исправи има подрачјето на Основен суд Битола и Основен суд Ресен со 13,99 околу 14 проценти додека пак подрачје на кое има најмала реализација на извршни исправи во однос на примените барања за извршување во тековната година е подрачјето на Основен суд Гостивар и Основен суд Кичево 7 отсто.

Лани покрај граѓаните, поради неплатен долг, пред извршител се нашле и фирми и државни институции. Извршителите лани добиле 100.760 барања за извршување, а од нив завршиле 44.889 предмети или 44 отсто. Лани имало и 24 барања за извршување на непарнични предмети.

Барања за присилна наплата на долг до извршителите дошле од фирми, од државата и од страна на граѓаните.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи