Владата најави директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека ќе има директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителите кои по препорака на Комисијата за заразни болести се затворени, односно не примаат гости.

„Веќе е направен моделот како ќе бидат поддржани угостителите, ќе се земат во предвид приходите остварени во првите три месеци годинава и согласно приходите кои што ги оствариле, еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на директен грант за секој угостителски објект кој што е затворен. На почетокот на следната недела ќе бидат објавени мерките, согласно анализите и можностите во Буџетот ќе ги повикаме сите угостителски здруженија и комори ќе го утврдиме одреден процентот на финансиска поддршка“, кажа министерот Бектеши.

Тој ги повика работодавачите да не ги отпуштаат работниците, бидејќи ветената поддршка од државата ќе стигне.

„Очекуваме на почетокот на следната недела да се деблокира Собранието и да се донесат законите од Петтиот сет мерки, со кои што е предвидена исплата на плати за работниците за месеците февруари и март“, кажа Бектеши.

Тој смета дека оваа сезона ќе има странски турсти истакнувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на Македонија.

Бектеши најавува и поголема вредност на ваучерите за туризам.

„Вредноста ќе биде уште поголема, а дополнително на тоа ќе биде за сите тие вработени со ниски приходи. Ако има потреба секако дека сумата ќе се зголеми, но истовремено и граѓаните опфатени во програмата ќе бидат зголемени“, рече Бектеши.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи