МОН: Започна вакцинација на наставниот кадар од основно образование

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“.

Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час.

Состојбата во образование со корона вирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид во училиштата.

Министерката за образование Мила Царовска на својот Фејсбук профил апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот и заштита на обвразовниот процес.

Во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што е исклучително ниска бројка.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи