Од денес „Жан Митрев“ ги намалува цените за лекување од Ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска ги намалува цените за лекување на пациенти болни од ковид-19, па како што наведуваат оттаму, наместо 12.000 евра, пациентите кои отсега ќе се лекуваат 10 дена на полуинтензивна нега ќе платат 6.000 евра, додека, пак, оние кои се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции ќе платат 8.000 евра.

„Согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да излеземе во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, би сакале да ве известиме дека почнувајќи од денеска 08.04.2021 година, Клиничката болница Жан Митрев одлучи да овозможи пакети за лекување ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра. За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот. Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нашиот ковид-центар одобруваме 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови“, се вели во соопштението.

Од болницата информираат дека имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во Ковид центарот во болницата, одобруваат 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови.

„Како што во многу наврати досега сме информирале, нашите капацитети се во континуитет полни и имаме и листа на чекање. Во моментов се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка. За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги. Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на министерот за здравство“, стои во соопштението.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи