Околу 15 илјади граѓани се вакцинирани со „АстраЗенека“ и нема несакани реакции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Речиси 15 500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „Астра Зенека“ и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Близу 15 500 граѓани досега се вакцинирани со „Астра Зенека“ во земјава. Во текот на денот се вакцинирани околу 1000 и освен таа реакција кај девојката нема друга. Нема никаква несакана реакција официјално пријавена во МАЛМЕД која бара внимание или значење. Несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината, мало црвенило, болка, не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење“, изјави министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Првиот случај со тромбоцитна реакција беше регистриран кај 28-годишна девојка неодамна, откако таа во Србија ја примила вакцината на „Астра Зенека“.

Девојката добила реакција седум дена по примањето на вакцинат, и претходно немала други хронични заболувања. Пациентката веднаш беше хоспитализирана и сега има добра здравствена состојба.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи