Роверот Perseverance на Марс го има најспектакуларното селфи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Роверот Perseverance на НАСА кој на црвената планета слета на 18 февруари, го има веројатно најспектакуларното селфи некогаш направено.

Фотографијата е направена од 62 одделни фотографии направени од страна на камерата WATSON, поставена на инструментот SHERLOCK, кои научниците ги споиле во едно големо селфи. На истото може да се видат Perseverance, но и дронот Ingenuity поставен зад него.

Инаку, НАСА се подготвува за лансирање на дронот, кое е закажано за 11 април. Истиот ќе биде управуван од Земјата, што ќе биде прв пат во историјата едно летало да биде управувано на друга планета.

Интерес факт е што во дронот има вградено делче од авионот на браќата Рајт, со кој го извршија првиот лет во историјата на човештвото.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи