Филипче: Нема да се дава „АстраЗенека“ на помлади од 60 години во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Одлично оди процесот на вакцинација, денеска се вакцинира дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Здравствените власти го задржаа истиот став вакцината на „Астра Зенека“ да не се користи за лица помлади од 60 години. Информацијата денеска ја соопшти министерот Филипче откако утрово на состанок со работната група за имунизација го разгледувале вчерашниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Утрово го разгледувавме ставот на бордот на ЕМА во врска со „Астра Зенека“. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот на ЕМА излезе со две препораки: првата е дека тие несакани ефекти треба да влезат во упатството и второ дека секоја држава треба да заземе став како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации, донесовме став вакцината на „Астра Зенека“ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја“, рече Филипче.

За граѓаните кои веќе се вакцинираа во Србија засега нема препораки освен да се јават на лекар ако имаат некаков симптом, а за нивна ревакцинација ќе се знае во текот на следниот период.

„Во однос на претпазливост на тие што веќе добија една доза на вакцината, тоа се луѓето кои се вакцинираа во Србија, нема никакви препораки за каква било претпазливост освен ако имаат некои симптоми да се јават на контрола и преглед кај лекар. Во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од три месеци засега нема некаков став. Ќе го следиме насоките од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе заземе став и по ова прашање“, изјави Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи