Човекот како непосреден ракувач со земјоделската механизација и фактор за појава на несреќа или незгода

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Недоволна обученост, едукација и незаинтересираност за надоградување на ракувачите со земјоделските машини. При купување и набавка на нова современа опрема, погонска или приклучна механизација, секогаш импортерот или фабриката производител организира едукативни денови на непосредните ракувачи со таа машина со цел запознавање на машината, незјините карактеристики, начинот на регулација, правилно користење, правилна експлоатација се со цел сведување на ризикот за појава на несреќа или незгода на минимум. Меѓутоа во најголем дел од случаевите се испраќаат луѓе кои нема директно да ја користат и управуваат машината на ваквите курсеви, а мораме да споменеме дека во 90% од случаевите станува збор за безплатни курсеви или пак се испраќаат лица кои немаат ниту основни познавања за конкретната механизација за која се врши обуката. во најголем број од случаевите секогаш се враќаат со двосмислености, недоволно разјаснати работи, и сето тоа знаење-незнаење понатаму се одразува во експлоатацијата и употребата на земјоделската механзиација.

Непознавање на техничко-технолошкиот процес на земјоделската машина. Оваа подточка е директно поврзана со претходната и се однесува токму на не целосната посветеност на ракувачите, но и нивна недоволна мотивираност од страна на работодавачите кои е потребно да создадат услови на задоволство во текот на рабониот ден. Ниските плати, ниските дневници, како и условите во кои работат ракувачите во земјоделскиот сектор се едни од причините за нивната незаинтересираност што подобро да ја запознат приклучната и погонската машина и ризикот за појава на несреќа или незгода да се сведе на минимум.

Невнимание во текот на работата (брзоплетост и т.н „брзање“ по норма…..) е исто така ризичен фактор за појава на несреќа или незгода при користењето на земјоделската механзиација. Трката со временските услови, трката за поголема заработувачка секогаш се плаќа со брзоплетоста и со неискуството, а тоа доведува скоро во сите такви случаеви незгода или несреќа…..

Употреба на алкохол во текот на ракувањето со земјоделските машини, е исто така голем проблем и ризик фактор за појавата на незгоди и несреќи со користењето на земјоделската механизација. Ваквите појави и испади секогаш треба да се санкционираат, бидејќи не само што се загрозува сопствениот живот туку во многу случаеви представуваат опасност за другите учесници во работниот процес, како и лицата но непосредна близина на агрегатот каде што работи.

Непридржување на стандардите и правилата за превенција во текот на работата, како и правилата и прописите за правилно ракување, користење и експлоатација на земјоделските машини се исто така голем потенцијален ризик фактор за појавата на несреќи и незгоди со земјоделските машини.

Непочитување на сообраќајните прописи и правила, се честа појава во земјите од овој дел на Европа, особено во моментите кога имаме задоцнување во текот на одделни работни процеси или при навремен/ненавремен транспорт на земјоделските производи.

Лоша психо-физичка состојба на ракувачите, предизвикана од социлајни и социолошки фактори доведуваат до појава на несреќа или незгода со користење на земјоделската механизација. Земањето на лекови (психотропни супстанци) кои не дозволуваат после тоа управување на моторни возила па и земјоделска механизација исто така ако се постапи спротивно може да доведе до појава на несреќа, односно незгода.

 

А, што да се превземе за да се намали ризикот за појава на несреќа, незгода при користење на земјоделската механизација

 

  • Постојана едукација, техничка и практична обука на корисниците на земјоделската механизација следење на светските достигнување и секогаш да се биде во тек со новитетите, можностите кои ги нуди и дава земјоделските погонски и приклучни машини,
  • Со имплементација на законите за регистрација на земјоделските машини, како и законот за заштита при работа, потребно е доколку ги немаат односно постарите погонски машини не ги поседуваат сигурносни и светлосните сигнални уреди истите да се вградат со цел земјоделските машини станат по безбедни и посигурни за себе, но и за останатите учесници во сообраќајот.
  • Строго почитување на техничките прописи од производителите на земјоделските машини,
  • Почитување на законските одредби при учество во јавен сообраќај,
  • При управување со тракторот избегнување на критични ситуации (движење на голем наклон, движење во близина на канал, растителни остатоци од дрва и сл.),
  • Секогаш машината и хидрауликата да се управува од кабина, односно седиште,
  • Секогаш исклучување на кадранското вратило кога се напушта седиштето на машината,
  • Сегогаш да се постави знак (сигнализација) на споро движечко возило на задниот дел од возилото,
  • Сегогаш да е поставено ротационо светло,
  • Погонските машини секогаш да се опремени со прва помош и против пожарен апарат,
  • Никогаш не смее да се пренесуваат патници во кабината,
  • Секогаш клучевите треба да бидат извадени штом ќе се прекине работата на тракторот.

 

пишува: Рубинчо Аризанкоски, граѓански активист и член на Здружение Достоинствен Работник

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи