Денес се слави Света Лидија, чија куќа станала прва црква во Македонија и Европа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Денеска се празнува Света Лидија Македонска, а именден слават сите кои го носат нејзиното име. Значењето на името Лидија е прекрасна, добра и благородна.

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. Лидија се сметала за богобојазлива, и била продавачка на пурпурни ткаенини и бои.

За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, Духот Свети не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада.

Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ (Дела 16, 7–9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ѝ го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Според преданието, Лидија станала ѓакониса во Филипи, а нејзиниот дом бил претворен во дом за молитва, односно во црква, и тоа е првата христијанска црква на тлото на Европа.

Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени:„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така, браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи