Ден на македонските железници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Директорот на ЖРСМ Транспорт Аднан Азизи во пишана изјава денеска упати честитки до вработените во Железницата истакнувајќи дека и во време на пандемија железничарите решително го одржуваат железничкиот систем.

„Денес, на 148-та годишнина од постоењето на Македонски Железници, иако во лоша финансиска состојба, оваа компанија има свои највредни средства, вредни и подготвени работници. Во ова време, во состојба на пандемија што го зафати целиот свет, железничарите решително го одржуваат во живот железничкиот систем во нашата земја.Сакам да ја искористам оваа приликата да им се заблагодарам на сите ветерани и сегашни вработени во Железниците на Македонија и да им го честитам 9 април – Денот на Работниците во Железницата, посакувајќи им добро здравје и успех на работа. Со посветеност и истрајност, несомнено ќе ги надминеме сите предизвици и ќе донесеме позитивни резултати во следните години“, наведува Азизи.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи