Донесена новата наставна програма за првачиња

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Првачињата во новата 2021/2022 учебна година ќе учат по новите наставни програми што денес ги донесе Министерството за образование и наука на предлог на Бирото за развој на образованието.

Наставните програми изминатиот период беа изработени од работни групи формирани од Бирото за развој на образованието, составени од советници, наставници од основните училишта и универзитетски професори.

Во текот на целиот процес на изработка на програмите, работните групи се консултираа и со експерти од области на коишто се темели новата Концепција: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично. Целата работа на работните групи беше координирана и водена од дел од експертите кои ја подготвуваа Концепцијата за да се обезбеди усогласеност на наставните програми со Концепцијата и со сите стратегии и пристапи на настава и учење коишто се промовираат со неа.

Новите наставни програми за прво одделение се изработија врз основа на Националните стандарди донесени од страна на Министерството за образование и наука во февруари оваа година, а беа подготвувани од Бирото за развој на образованието во изминатите две години.

Во програмите се наведуваат Националните стандарди, базирани на компетенции, коишто учениците почнуваат да ги стекнуваат од прво одделение, а продолжуваат да ги развиваат во наредните одделенија, пред се компетенциите кои произлегуваат од подрачјето со кое наставниот предмет има директна врска, но и трансверзалните компетенции преку кои се остварува и интеграцијата и се овозможува целосен развој на учениците.

За секоја тема/подрачје од наставните програми се предвидени резултати што секој ученик треба да ги постигне, преку усвојување на наведните содржини и поими, а наставникот ќе ги следи и вреднува постигањата наученикот преку дадените стандарди за оценување (кои опфаќаат најмалку четири нивоа на когнитивни постигања на учениците, согласно Блумовата таксономија: познавање, сфаќање, примена и анализа/евалуација/креирање). Стандардите за оценување ќе придонесат кон објективност и транспарентност во оценувањето и ќе им помогнат на наставниците во определувањето и оформувањето на критериуми за оценување.

Примерите на активности дадени во наставните програми се со акцент на активното учество на ученикот и даваат јасни насоки како наставникот треба да ги организира и реализира активностите на часот, преку експерименти, истражувања, решавање проблеми, дискусии со учениците.

Работните групи во Бирото за развој на образованието продолжуваат со креирање на наставните програми и за другите одделенија на основното образование со единствена цел да создадеме стручни документи коишто ќе бидат основа и поттик на наставниците за еден поинаков пристап во наставата и образување на нови отворени, компетентни и демократски генерации.

Продолжуваме со активностите, со обука на наставниците, изработување на наставни материјали и дидактички насоки со поддршка на сите чинители во образованието.

Биро за развој на образование

Министерката Мила Царовска на својот Фејсбук профил порача дека новите програми овозможуваат еден поинаков пристап во наставата и образување на нови отворени, компетентни и демократски генерации.

„Најголема придобивка од истите е што го застапуваат концептот на интеграција  – разгледување на една тематика преку повеќе предмети, односно од повеќе различни перспективи што овозможува полесно разбирање и совладување на материјата. Програмите опфаќаат и опфатени теми кои се особено значајни за развојот на личноста на ученикот, а кои недостасуваа досега, како родовата еднаквост, инклузивноста, мултикултурализмот и заштита на животната средина. Изработени се врз основа на Концепцијата за основно образование и Националните стандарди за квалификации кои учениците треба да ги стекнат во основното образование“, напиша Царовска.

 

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи