Една просечна плата недоволна за преживување – потребни најмалку 33.772 денари месечно

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33 772 денари, што преставува раст од 122 денари во однос на јануари.

Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалаци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.

Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со една просечна плата во земјава.

Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи