Левица Прилеп: Вработените во ЈП за ПУП-Паркинзи добиле само 5.000 денари плата за февруари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

ЈП ПУП-Паркинзи од Прилеп на своите вработени им има исплатено само дел од платата за месец февруари во висина од 5000 денари, на 29.03.2021 година. Вработените обвинуваат дека не им се исплатени К-15 за 2020 година, како и јубилејната плата за 10 години од работењето, соопштуваат од Левица Прилеп.

„Самата постапка на исплата е крајно сомнителна, во смисла на тоа дека не е можно тие средства воопшто да поминат на т.н. фолио и преку сите филтри и ставки на распределба. Во случај ако нивните тврдења се вистинити, тогаш станува збор за НЕЗАКОНСКА постапка за која се сноси и кривична одговорност. Ова се случува во време на пандемија и енормни трошоци за лекување и храна, кадешто за некои семејства таа сума е и единствениот приход.

Како Локален Огранок на Левица, единствената класно ориентирана и работничка партија, ги охрабруваме револтираните вработени да го пријават случајот и би ги поддржале правно во остварувањето на нивните работнички права“, велат од Левица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи