Македонија на 3то место по починати и на 11то место по новозаразени на светско ниво

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Македонија се најде на светскиот врв според стапката на починати од ковид-19 во последниве 7 дена. Според статистиката објавена на „Financial Times“ (последен датум на пресметка е 7 април 2020 година), Македонија е на третото место со две починати лица на 100.000 жители во последната недела.

Пред нас во ова рангирање се Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100.000 жители, додека на второто место е Босна и Херцеговина со 2,31 починати.

Кога станува збор за бројот на новозаболени со ковид-19 во последната недела, заклучно со 7 април 2020, Македонија исто така се наоѓа на високото 11 место во светот со 52,8 лица на 100.000 жители.

Во оваа рангирање пред нас се Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, земја која бележи најголем раст на инфицирани со коронавирусот во последните седум дена.

Инаку, анализата на „Financial Times“ е направена по собраните податоци од Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи