„Мајмуни“: На повидок е повторно голем срам во ФК Победа!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ситуацијата во прилепската фудбалска гордост веќе долго време е навистина лоша, „Победа“ неколку сезони се наоѓа во пониските лиги на македонскиот фудбал, со речиси никакви шанси да се врати во елитата. Силна „Победа“ му фали на градот, добар прволигашки фудбал им фали на прилепчани, а сигурно атмосферата на градскиот стадион „Гоце Делчев“ најмногу им недостига на навивачката група „Мајмуни“.

Мотивирани од последните превирања во клубот, навивачката група излезе со свое соопштение, кое ви го пренесуваме во целост.

„На повидок е повторно ГОЛЕМ срам во ФК Победа. Се шпекулираше за некакви промени во клубот и застанување на здрави нозе со приватна фирма и комплетно нова управа. Но и речиси официјално повторно коцките се наместија на страната на политиката која нас воопшто не не интересира. Ние уназад година, две сме запрепастени од одлуките на оваа локална власт како “добро” и помага на Победа, ветувања секакви… но дали мислите дека ако е тивко на југот се е завршено? Дали мислите дека можите се уште да си правите се што сакате со Победа?! Браќа, ова веќе ги помина сите граници, пробувавме да бидеме тивки и да оставиме да си ја решат акционерите работата која сами си ја направија да не биди чиста. Време е за реакција, нема повеќе да дозволиме да си играат перална за пари со Победа, нема да дозволиме повеќе да владее политиката во Победа. Утре и официјално има промена на преседателското место на Миле Спиркоски, негов наследник ќе биде директорот на Водовод, Емил“, се вели во соопштението од „Мајмуни“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи