Талевски: Апелирам да се повлечи одлуката за именување на ново раководство на „Победа“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во годините наназад, гласно зборував дека политиката треба да се тргне од спортот, особено кога станува збор за гордоста на Прилеп и прилепчани, Фудбалскиот клуб „Победа“. За мене, како политичар, а пред се’ како човек и вљубеник во ФК „Победа“, и тогаш, а и сега е недозволиво политиката да меша прсти во фудбалската гордост на Прилеп.

Кога е во прашање фудбалот во најфудбалскиот град во државата, личните интереси мора да бидат настрана. „Победа“ мора да ја раководат лица кои потекнуваат од фудбалот, кои оставале срце и душа на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Апелирам да биде повлечена последната одлука за именување на ново раководство на клубот и на негово место да биде поставен кадар, кој потекнува од ФК „Победа“ и кој ќе ја ужива поддршката од целата фудбалска јавност во Прилеп.

Победа во срцето, напиша пред малку прилепскиот пратеник Миле Талевски на својот ФБ профил.

 

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи