Филипче: Верските лидери да упатат апел до верниците да останат дома и да нема служби

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Министерот Венко Филипче гостувајќи во „Само Вистина“  ги повикува лидерите на МПЦ и ИВЗ за да упатат апел кон верниците да останат дома.

„Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби“, рече Филипче.

Филипче подвлече дека во ваква ситуација како актуелната, кога здравствениот систем е оптоварен, нема да биде ништо друго критериум за воведување мерки освен заштитата на граѓаните.

„Многу е битно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ние ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките за тој период“, вели Филипче.

Во врска со барањето на опозицијата за негова оставка и за обвинувањата како се менаџира КОВИД-ситуацијата во земјава, Филипче напомена дека се пласираат лаги и невистини со единствена цел, да се соберат политички поени на сметка на починатите.

„Обвинувањата и барањата за оставка на опозицијата се темелат на нешто што е неиздржано, за жал. Никогаш немаше конструктивен предлог. Се што обвинуваат се лаги, невистини и клевети. Неколку пати тоа се докажува во изминатиот период, а и ова последното што се случува – некои членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено истапуваат во јавноста, зборуваат и кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања. Подгреваат сомнеж во вакцините, во нивниот квалитет и целокупниот тој процес. Конкретно, д-р Вело Марковски во изминатиот период, нешто што е незамисливо за стручната фела, нешто што многу често го коменитраме. Тоа е апсолутно сериозно, нешто што може да го загрози јавото здравје“, рече министерот.

Министерот уште еднаш кажа дека имаме систем на балансирани мерки, но мерките, рече, мора да се почитуваат – носење маска и држење дистанца. Мерките, оцени, се покажаа идеални, намален е притисокот врз болниците.

„Луѓето како да се опуштија. Од претходното искуство лани, сега сме пред големи празници, видовме дека и покрај силните препораки непочиотувањето на мерките доведе до нов бран, ако тоа се случи сега и се случи нов кластер собири во верски објекти, толку ќе биде голем притисокот во здравствените установи ќе се доведе во пшрашање дали ќе може да се изменаџира. Денешните бројки се помали од вчерашните, мерките дале резултат, пикот од овој бран е зад нас, сметаме дека беше на 1 април, ситуацијата се стабилизира, но сепак сме многу внимателни“, истакна Филипче.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи