Хирурзи оперирале срце дури болницата горела во пламени

 

Медицински тим во руска болница успешно ја заврши операцијата на отворено срце на пациент додека пожарникарите се бореа да спречат сериозен пожар кој го зафати покривот на старата зграда.

Повеќе од 120 лица беа евакуирани и нема пријавено повредени во болницата во Благовешченск на крајниот исток. Хируршката интервенција продолжила благодарение на кабелот за итна струја од приземјето.

Храбрите лекари сметале дека нивната должност е да завршат со операцијата и да му го спасат животот на пациентот. Водечкиот хирург Валентин Филатов кажува дека неговиот тим „мораше да ја спаси оваа личност и ние сторивме сè“. Осум лекари и медицински сестри беа вклучени во двочасовната операција, која започна непосредно пред да избувне пожарот.

Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека болницата е изградена во 1907 година, а пожарот „се шири како молња низ дрвените тавани“. Се смета дека краток спој го предизвикал огнот.

Операцијата звршила успешно, а веднаш потоа пациентот бил пренесен во друга болница.

Подоцна, и градоначалникот на градот се огласил за настанот, восхитувајќи се на херојството на храбрите лекари, а наводно тие треба да добијат и награда за нивниот неверојатен подвиг.

Осумте медицински лица од Русија се доказ дека за лекарите нема ништо поважно од нивните пациенти, дури и ако тоа значи дека треба да го ризикуваат својот живот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи