Систина: Внимавајте, се шири лажна објава за повик за донации

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На социјалната мрежа Фејсбук деновиве извесна Радица Динев споделува апел за помош на самохрана мајка чиешто бебе се бори за живот во клиничката болница Систина.  Со реакција се јавија од болницата „Аџибадем Систина“ од каде нагласуваат дека апелот за помош е лажен и апелираат да се внимава на информации од ваков тип и да не се наседнува на лажни повици за донации.

„Почитувани,

 Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово. За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации.

Станува збор за лажна објава.

Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици. Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев“, стои во објавата на Фејсбук.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи