Тројца платиле капар за ист стан, агентот не им ги враќа парите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според сознанија на МИА, агент за недвижности зел капар од тројца различни купувачи за еден ист стан, 5.500, 4.500 и 1.000 евра. Агентот се обидел да им продаде станови на повеќе исти купувачи во зграда во населбата Кисела Вода. Станува збор за агенција која активно учествува на пазарот и својата понуда на станови за продавање и издавање редовно ја презентира преку социјалните медиуми додека до официјалната веб страницата за повеќе информации за компанијата не може да се пристапи.

Измамените купувачи се посомневале во моментот кога купопродажниот договор требало да се однесе на нотар, а агентот поради разни оправдувања не можел да се сретне со нив. По ова оштетените купувачи почнале да ги бараат сопствениците на становите наведени во договорите и нотарот кој им го посочил агентот. Така дознале еден за друг и им станало јасно дека се работи за измама. И дека сите платиле за еден ист стан. Оштетени се и други двајца купувачи кои платиле капар од 8000 и 5000 евра, за годинава во март уште еден купувач со 8000 евра оставен капар дознал дека бил измамен.

Контактирајќи ги гореспоменатите, по сплет на околности, петте оштетени граѓани дознаваат еден за друг, се наоѓаат и успеваат да го „измамат“ агентот, така што на 24 март се сретнуваат со него и го пријавуваат во полиција. При пријавувањето бил присутен и агентот, со што им ветил дека ќе им ги врати парите за 10 дена. Меѓутоа, и по истекот на предвидениот рок, граѓаните не ги добиле своите пари назад.

Првите пет пријави биле доставени до Секторот за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на 24 март, додека, МВР, известувањето за истите го испратило до Основното јавно обвинителство на 26 март. По две недели од пријавување на случајот, до моментот на објавувањето на текстот, од ОЈО за МИА не потврдија дека се пристигнати кривичните пријави за кои покажуваме интерес. На 8 април, до МВР била доставена пријава и од последниот, засега шести измамен граѓанин. Во меѓувреме, додека известувањето патува од МВР до ОЈО, оштетените граѓаните велат дека лицето продолжува да измамува и бараат начин како да си ги вратат парите.

Граѓаните го товарат агентот за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Загрижени, бараат институциите да преземат мерки што побрзо, со цел да се спречи моменталното и понатамошно оштетување на останати граѓани.

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи