Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп кај Сопот


Двајца дилери на хероин од Прилеп се упасени во полициска акција што попладнево била спроведена. Како што информира Министерството за внатрешни работи, дилерите биле уапсени на патарината кај Сопот.

„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, велат од МВР.

Од МВР велат дека повеќе детали ќе бидат соопштени утре.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи