Заев: Кога ме избраа премиер, реков дека викенд не работам, батериите ги полнам со возење мотор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Имаше многу реакции на граѓаните за возењето на мотори на премиерот Зоран Заев со министерот за здравство Венко Филипче, во време кога Македонија се соочува со огромни бројки на починати од коронавирусот. На овие реакции премиерот Заев коментира дека во недела не работи и батериите ги полни со возење мотор.

„Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи