„Левица“ се вклучи во акцијата „Чистење и пошумување – Селце, Прилеп” – Го чистиме минатото, ја засадуваме иднината

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со садење преку 150 садници на црн бор, со расчистувањето на дивите депонии во близина на манастирот св. Димитрија, с. Селце, здруживме сили и ја поддржавме акцијата на @Еко Свест Прилеп. Со овој потег, заедно почнуваме да ја менуваме колективната перспектива за нашата иднина. Почнавме оттука, зеленило и влијаење на еко-совеста и културата кај идните генерации, за љубов кон татковината и земјата во која живееме. Велат од огранокот на Левица во Прилеп.

„Една Македонија имаме и морално е да се направи рестарт на целиот систем со форматирање и отстранување на сите лоши фајлови, бришење на “кешираната” индиферентна меморија за да се направи простор за нови записи од млади луѓе со идеал и искрена љубов за подобро утре на сите нас. Доста ни е од зборовите “Тоа е, не може ништо се направи.”. Сите знаеме што БИ можело да се направи и што БИ било убаво да се направи. Но, ние го правиме тоа, вчера, денес и ќе продолжеме и утре. Сѐ што е уништувано низ годините, што од немарност и небрежност, што од своеволност на поединци, ние ќе возобновиме и реставрираме!

ЗА МАКЕДОНИЈА!

ЗА ПЕЛАГОНИЈА!

ЗА НАШАТА ИДНИНА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА !!!

ЗА СЛОБОДА И ПРОГРЕС !!!“, потенцираат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи